.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Градска хроника / Во тек е деминирање на патеката кај Нешева тумба, Лаките

Во тек е деминирање на патеката кај Нешева тумба, Лаките

Општина Новаци со пари од ЕУ фондовите  моментно  врши деминирање на патеката Нешева тумба, Лаките која се наоѓа во реонот на Кајмакчалан.

Активноста започна на почетокот на  јуни а се очекува да заврши до крајот на месец јуни или почетокот на јули.

-На територијата на општина Новаци има многу неексплодирани убојни средства од Балканските војни и Првата светска војна,особено на оваа локација кај Кајмакчалан каде врвела линијата на т.н Солунски фронт. Во моментот се врши детектирање на истите и нивно отстранување од теренот а потоа и уништување или депонирање во просториите на Дирекцијата за заштита и спасување-  информира Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Деминирањето се врши на местото каде ќе се обележува туристичка патека заради безбедност на туристите.

-Досега се најдени околу дваесеттина неексплодирани убојни средства и тоа најчесто артилериски гранати, рачни и авио  бомби. Ваквите НУС имаат голема експлозивност и убиственост па затоа претставуваат закана и треба да се отстранат. Особено  голема опасност претставуваат при појава на шумски пожари па заради нивното експлодирање од топлината се оневозможува активирање на човечкиот фактор при гаснење- вели Горѓи Стефановски, деминер.

Патеката Нешева тумба, Лаките се наоѓа на југо-исток на 53 км од Новаци на надморска висина од 1100 метри во должина од 3200 метри и ширина од 10 метри или вкупна површина од 32 000 метри квадратни.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*