Don't Miss
Home / Uncategorized / Врачени четвртоноемвриските признанија

Врачени четвртоноемвриските признанија

          Свеченото одбележување на роденденот на Битола,  4 Ноември,  по низата свечености и манифесатции кои се одржаа во пресрет на празникот,  се одржа во понеделникот со одржување на свечена седница во Народниот театар, на која беа врачени највисоките општински признанија, наградата 4 Ноември.

          – Велат дека сликите и видеата секогаш се прекрасна замена на долги говори. Тие се секогаш најбучен сведок на направеното, бидејќи сликите секогаш ги онемуваат зборовите.

Во денешницава, која врие од популистички реторики, во мене останува желбата, жарот да се постигнува, а не да се победува другиот. Велат, добар морнар не се бидува во мирни води, затоа секој нов предизвик независно од каде доаѓа, наликува на судбината на даб што непокорно пушта корени само за да ги надживее олуите. И како, само водата, која тече и човекот кога оди понатаму се чисти, со љубов за Битола нека продолжи нашиот од. Во овие две години покажавме дека нема невозможно, дека се е прашање на желба, на волја, на верба, на работа. Покажавме дека поместувањето на камења се вградува во поместените планини. Наследениот товар за изградба на  Национален објект со општински буџет како стадионот, не не обесхрабри. Вложивме над 1.300. 000 евра во него, наспроти дотогашните 140. 000  и со тој товар успеавме да вложиме до сега во инфраструктурата средства од над 4,5 милиони евра само од сопствен буџет. Се соочивме и со низа наследени извршни решенија, кои не само што ги исплативме, туку и го стабилизираме буџетот за да денес дополнително веќе имаме потпишани договори за следни изведби со обезбедени финансиски средства.Овие веќе затворени постапки за “Илинденска” со над 2км, “Партизанска”, “Рузвелтова” не се тактика во функција на избори, токму заради тоа што се веќе потпишани и ги поминале сите повеќемесечни процедури. Она што некому му изгледаше нереално заврши со реално вракање на претходно излеаните средства од општинскиот буџет во висина од 113 милиони денари со  умешна иницијатива и работа, но и дослух од централната власт. Само за една година, и покрај сите субвенционирања и рефундирања поврзани за превозот, имаме заштеда од над 69.000 евра. Ете затоа можеме да зборуваме дека 240. 000 евра беа возможни и тоа од општинскиот буџет, директно да ги насочиме кон набавка на еколошки превозни средства за што техничката спецификација е веќе подготвена. По 15 години, пожарникарите добија нова опрема, а деновиве, по децении треба да пристигне и новото противпожарно возило. Во моментов само од проектите со прекугранична соработка се тековни активности со вредност од околу2 милиони евра,  поддршката на бизнис заедницата, е со средства од над 250 000 евра. Сето ова дава дополнителен мотив за нови достигнувања.

Сега ги имаат потврдите на одговорите Како! со кои пари сме планирале да ги изведеме сите замисли. Потврдивме дека мозаичниот состав  опстиншки и државен буџет, европските фондови и добронамерните стопанственици е возможен и е  добитна  комбинација. Токму затоа во оваа прилика сакам да се заблагодарам на сите мои соработници, на Советот на Општината, на стопанствениците, на Владата, кои имаа слух за побараната помош и на сите добронамерници, невладини организации за кои Битола е многу повеќе од гола политика, истакна во своето обраќање градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, која на крајот нагласи.

-За крај, со длабоко извинување на исказаната гордост, се гордеам на  покажаното дека парите не можат да ги покријат нечии дамки, не можат да победат, зошто наспроти немаат болна амбиција, туку верба, љубов и надеж дека времето оживува тогаш кога часовниците ќе застанат. Заради оставстината исполнета со љубов за Битола, нагласи Петровска.

                   Благој Стефановски, добитник на наградата за животно дело

          Годинашен добитник  на највисокото општинско признание за животно дело е актерот,  екс директор на Народниот  театар на Битола, и поранешен министер за култура, Благоја Стефановски-Баге.

          Благој Стефановски за ова највисоко признание беше предложен од Народниот театар во Битола. Тој е роден  на 7 март 1953 година.  Дипломирал на отсекот за драмски актери на Факултетот за драмски уметности во 1975 година. Од 1975 до 1980 година бил директор на Битолскиот народен театар. Бил претседател на Фестивалот „Браќа Манаки”, претседател на Советот и селектор на драмската програма на фестивалот „Охридско лето” како и претседател на фестивалот „Војдан Чернодрински”.

 Од 1994 до 1998 година бил пратеник во Собранието на Република Македонија,а од 1 ноември 2002 година до 6 јули 2006 ја извршуваше функцијата министер за култура.

          Покрај наградата за животно дело, годинава  беа доделени и седум едногодишни признанија за поединци, установи и стопански субјекти.

          Марија Младеновска Димитровска- психолог

        Едногодишни признанија добија Марија Младеновска- Димитровска, психолог во СТУ “ Таки Даскало”

          Марија Младеновска – Димитровска ова високо признание го доби за учество  на 16 конгрес на психолозите од Европа,  на Унивезритетот Ломоносов во Москва, каде го презентираше својот научен труд.  

          На Конгресот, кој од 1 до 5 јули,  се одржа на Московскиот државен  универзитет Ломоносов,  учествуваа  преку 2.500 психолози  од 83 земји од Европа и светот: Русија, САД, Германија, Турција, Кина, Италија, Шпанија, Индонезија, Хонг Конг, Австралија,  Бразил…

Научниот труд, кој е областа на социјалната психологија, претставува опсежно истражување на Марија Младеновска- Димитровска  за “Поврзаноста помеѓу авторитарноста, национализмот, етничката дистанца и прифакањето на антидемократските  вредности кај младите”.

Учеството на ЏВИ Европски конгрес не е единствен меѓународен успех на Марија Младеновска-Димитровска, која во изминатиот период има учествувано и излагано свои научни трудови на 31 меѓународна научна конференција, меѓу кои во два наврати на научни конференции на Универзитетот Харвард во Бостон, САД, кој е прворангиран светски универзитет според Шангајската листа на универзитети, потоа на меѓународни конференции на Универзитетот во Белград, Србија, во организација на Филозофскиот факултет – Факултетот за психологија и Лабораторијата за експериментална психологија, Филозофскиот факултет – Институт за психологија на Универзитетот во Нови Сад, Србија, Филозофскиот факултет на Универзитетот во Приштина, на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” Скопје – Институт за психологија, Факултетот за психологија – Центар за истражувања при Универзитетот во Атина, Факултетот за психологија при Меѓународниот славјански универзитет “Г.Р.Державин”, а свој научен труд објавила и во меѓународно списание со висок импакт фактор “Универсал јоурнал оф псѕцхологѕ” во издание на корпорацијата “Хоризон Ресеарцх Публисхинг Цорпоратион” од САД.

Марија Младеновска-Димитровска објавила 22 научно-истразувачки труда и еден е во фаза на објавување.

                             Извонреден пилот

Васко Михалчев – пилот во Дирекцијата за заштита и спасување, кој беше предлозжен  од страна на Аеро клубот “ Мирко Тодоровски” с. Логоварди е добитник на признание за своите годинашни успеси.

Ова признание  Михалчев го доби заради  неговиот значаен придонес  и учество во гаснење на повеќе од 90 настанати пожари, од кои само во еден месец имало повеќе од 45 пожари.

Заради таквото  негово херојско дело тој од страна на јавноста и медиумите  беше наречен “Херојот од  Битола”.

Педагогот Ѓорѓи Лазаревски признанието 4 Ноември, според образложението на Управниот одбор за доделување на четвртоноемриските награди   го доби заради остварувањата и неговата активност во полето на литературата во изминатата година, посебно за неговите издадени две книги „Педагошко-психолошка служба во Битола и Битолско (1973-2018)” и „Шепотот на Пелагониските села”.

 Лазаревски  е член на Македонското научно друштво, почесен член на Здружнието за Македонско- германско пријателство и соработка од Битола,  претседател на “Пелагониските  културно – научни средби  Новаци”  и главен и одговорен  уредник на списанието “Зборник”.

Д-р Јасмина Буневска Талевска со четврто ноемриска награда се стекна  заради нејзините признанија добиени на европско ниво во изминатиот период како резултат на вложениот труд, работа и ентузаијазам на полето на подигнувањето на сообраќајната безбедност, култура и мобилност.

                   Печатарски лидер на Балканот       

  Од областа на стопанството највисокото општинско признание го доби Печатницата  “Киро Дандаро”, која  важи за една од најуспешните компании во графичката индустрија во Македонија.

 “Киро Дандаро” е  не само битолски или македонски бред, туку европски бренд, кој опстојува цели 75 години. Својата стопанска дејност ја почнува  во ноември 1944 година, само 8 дена по ослободувањето на Битола. На почетокот  работи како  занаетчиска работилница, со само 22 вработени,  а по 75 години израсна во современа индустрија која вработува 170 вработени.

Во  мај оваа година  печатницата “Киро Дандаро” од страна  меѓународниот  форум “Перспективи “ му е доделена  награда, бренд на столетието, кое го доби заради  особен придонес во развојот на идеи и инвестиции  во областа на претприемаштвото  на средна и Југоисточна Европа.

Печатницата “Киро Дандаро” го добива признанието како успешна компанија која не само во Битола туку и на европско тло опстојува како бренд повеќе од 75 години.

                   Марија Росенгрен битолската Мајка Тереза

За неа велат дека е битолската Мајка Тереза.Таа е битолчанка која живее во Шведска. Заради нејзините хумани активности таа годинава е добитник на наградата 4 Ноември.

Хуманистката Марија Росенгрен  признанието го доби заради остварувањата  од областа на хуманоста.  Таа има направено повеќе хумани дела, донации во училиштето Ѓорѓи Сугарев, во Заводот „Кочо Рацин”,  битолската Клиничка  болница и други.

Марија Росенгтрен со даноции почна во ОУ
“Горги Сугарев “ со реновирање на  радијатори за спортската сала, смарт табли за учлиштето, сензорна соба  за деца со посебни потреби, изработени 7 проекти во вредност од 100.000 евра во Заводот  “Кочо Рацин”, вложени во инвевнтар, донација во Клиничката болница во опрема,  апарати, медицински помагала, изработка на проект за еколошки систем на греење, ладење и вентилација од Кралскиот институт на технологија во Стокхолм Шведска по иницјатива на нејзината невладина организација “Од рака на рака” во соработка со Клиничката болница, со кој загадувањето на воздухот со јагленороден диоксид ќе се намали до 1/3.

Градинката „Мајски цвет”  признанието  го доби заради достигнување во областа на социјалната заштита, организирање по прв пат на обука под налсов “ Улогата на воспитувачите од градинката во изградување на личноста на детето, повеќе обуки, работилници, како и ментор на студентите од прва година на Педагошкиот факултет во Битола, одржување на интерна обука, едукативен пакет  за природа и птици,обука како да ги откриеме  и препознаеме  талентираните деца,  организирање на работилница за наставници и воспитувачи “Едукација за превенција   на орално здравје  на деца од 0-14 години и другу обуки.

          На свеченоста општината Битола  награди петмина ученици  од основните и средните училишта во градот, кои  покрај дипломи добија парични награди од по 5.000 денари.

Награди добија ученичката од Гимназијата “ Јосип Броз Тито” Мила Ивановска , за постигнување во математиката. Наде Смилевска од четврто  одделение од ОУ „Св.Кирил и Методиј”за покажан успех во шах, ученичката од нижото музичко училиште Софија Михајловска, која свири пијано, како и  Андреја Велјановска од Средното медицинско уцилиште “ Јован Калаузи “ која е  градски првак во кугланје и Антонио Дамјановски  од ОУ „Климент Охридски” за постигнати успеси во мото крос.

Во името на сите наградени се заблагодари добитничката на едногошна награда   Јасмина Буневска – Талевска.

Во музичкиот дел на програмата настаопи групата “ Фонтана “, која со своите изведби ја воодушеви публиката во салата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*