Home / Култура / Второ место за Ана Гаштарова на фестивал во Конин, Полска

Второ место за Ана Гаштарова на фестивал во Конин, Полска

Ана Гаштарова, како единствена претставничка на Македонија и на интернационалниот фестивал на детска песна „Тралала“ од Битола, од 10 до 15 јуни, по директна покана од г-ѓа Кристина Пиотровска, продуцентка во Полската национална телевизија, учествуваше на 36-от Меѓународен фестивал на песни и танци во Конин, Полска.

Ана Гаштарова

Ана Гаштарова

Таа во родната Битола се врати со награда за освоено второ место во нејзината категорија.

– На фестивалот учествуваа околу 2.000 учесници во различни категории. Јас бев солистка во групата од 14 до 16 години. Фестивалот се одвиваше во неколку фази. Првиот ден имаше елиминациски настапи, кои се одржуваа во Центарот за култура. Следниот ден ние што ја минавме елиминациската фаза пеевме на финалната вечер. И тоа успешно го поминав и бев поканета да пеам на гала-вечерта, која се одржа во амфитеатарот „На Скарпие“ (Na skarpie), каде што пеев пред повеќе од 5.000 луѓе. Како на сите настапи, така и на гала-вечерта бевме придружувани од оркестарот „Конин бенд “ – ни рече Гаштарова.

На гала-вечерта беа прогласени добитниците на наградите, меѓу кои беше и младата и талентирана Ана, која доби и покана за учество на фестивал во Финска наредната година.

 

Б.В.          

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!