.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Македонија / Заедничка изјава по лидерската средба: Ќе продолжиме да се среќаваме за унапредување на евроатланската агенда

Заедничка изјава по лидерската средба: Ќе продолжиме да се среќаваме за унапредување на евроатланската агенда

„Во една тешка недела за државата, се сретнавме да дадеме заедничка поддршка на демократските вредности, вклучувајќи го и правото на мирен протест и на осуда на насилството без разлика дали во криминални или политички цели. Ние исто така се согласивме да продолжиме со дијалогот за унапредување на евроатлантската агенда за доброто на граѓаните“.

Ова е заедничката изјава на претседателите на најголемите политички партии во Македонија – Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи.

Средбата траеше повеќе од два часа.

Петре Шилегов, портпаролот на СДСМ рече дека на средбата секоја страна ги истакнувала своите ставови, а амбасадорите биле само гости на средбата.

Она што неофицијално се дознава дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски предложил формирање на работни групи за надминување на политичката криза во земјава, а преку кои етапно би се решавале сите проблеми.

За Заев овој предлог не бил прифатлив и тој инсистирал на оставка на Груевски и формирање на преодна влада која ќе треба да ги  организира наредните избори.

 

Извор: мкд.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*