Home / Политика / Заев побара преодна влада

Заев побара преодна влада

Овие документи се сопственост на Република Македонија и на нејзините граѓани, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев вечерва на трибината која се одржа во Универзалната сала.

– Се е вистина од почеток до крај. Го урнисале уставното уредување на Македонија, создале пара држава во која тие се се`, и обвинителство и судство и судбина. Одовде назад нема. Оваа влада веќе нема легитимитет, оваа влада веќе не е влада на Република Македонија. Од оваа говорница од името на СДСМ и коалиционите партнери барам владата на Груевски веднаш да поднесе оставка, јавниот обвинител Марко Зврлески, веднаш да поднесе оставка раководниот тим на МРТ веднаш да поднесе оставка – рече Заев.

Тој, како што рече, бара да се формира формат на преодна влада која ќе има доверба да ги обезбеди условите за демократски и фер избори во Македонија.

– Обврска ќе биде да обезбеди целосно раслојувајње на владејачките партии и нивно департизирање како основен предуслов за демократски избори. Во новата влада нема да може да учествуваат лица кои на каков било начин учествувале во криминални дејствија – порача Заев.

Тој побара јавна, транспарентна и непристрасна истрага со вклученост на меѓународната заедница на целиот случај со прислушувањето.

– Политичките последици ќе овозможат почеток на уставно заздравување. Да не помислат да прават раздор и немири, да не помислат на црни сценарија да ја дестабилизраат државата. Тоа нема да дозволиме. Готово е Груевски! – порача Заев.

 

Извор: Нова Македонија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*