Home / Вести / Заев:Предвремените избори во октомври 2020 год.

Заев:Предвремените избори во октомври 2020 год.

Предвремени избори ќе има кон крајот на октомври идната година, односно 45 дена пред редовните, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања, за време на денешната посета на фабриката „Маркарт“ во Велес.

Заев нагласи дека власта настојува да покаже што значат придобивките во економијата, растот, новите работни места и импактот од ЕУ и НАТО. Надежта за конечните одлуки за стратешките цели за државата, вели Заев, ќе бидат исполнети сега во средината на октомври, декември-јануари или февруари, во зависност од одлуките на Шпанија за НАТО.

Премиерот смета дека треба да се оди на редовни избори бидејќи во моментов земјава се наоѓа во период за кој не може да се очекува дека ќе се повтори во иднина.

Во однос на кампањата на СДСМ, Заев појасни дека целта на партијата е да се финализираат двегодишните активности на Владата, успесите да им ги доближат на граѓаните и да отворат дебата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!