Don't Miss
Home / Вести / Започна големата наградна игра на Бимилк “ Славиме заедно 70 години Бимилк“

Започна големата наградна игра на Бимилк “ Славиме заедно 70 години Бимилк“

Омилениот домашен бренд за млеко и млечни производи, „Битолско” во знак на благодарност кон потрошувачите за дадената доверба, организира наградна игра „Славиме заедно 70 години Бимилк“. Со наградната игра по повод 70 години постоење, компанијата ги наградува верните потрошувачи со 70 вредни награди, а главната награда е автомобил Toyota Corolla Hybrid.

За учествување во наградната игра доволно е само да купите некој од производите од портфолиото „Битолско“ во вредност од најмалку 70 денари на една фискална сметка. Потоа потребно е бројот на фискалната сметка и времето на плаќање да се испрати преку СМС порака на бројот 149 499 од операторите Македонски Телеком и А1 како и преку веб страната www.bimilk.mk/nagradna-igra. СМС пораката чини 5,9 ден.

Наградната игра започна на 2ри мај и ќе трае до 26 јуни до кога ќе може да се испраќаат пораките. Ќе има осум неделни извлекувања и секој понеделник ќе се доделуваат по два мобилни телефони и два LED Smart телевизори. Главното извлекување е закажано за 27 јуни кога ќе биде доделена и главната награда, автомобил Toyota Corolla Hybrid Hatchback.

Добитниците ќе се извлекуваат по случаен избор, преку софтвер.

Купувајте производи од брендот Битолско, уживајте во производите и праќајте СМС со податоци од фискалните сметки. Редовно проверувајте ги телефонските повици /СМС пораките на својот мобилен телефон, бидејќи можеби токму вие ќе бидете добитник на некоја од вредните награди.

Подетални информации за наградната игра се достапни на линкот www.bimilk.mk/nagradna-igra.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*