Home / Градска хроника / Започна прскањето против комарците

Започна прскањето против комарците

Центарот за јавно здравје од Битола започна со првата фаза на третирањето против комарците во општините од пелагонискиот регион за кои е надлежна, односно Битола, Новаци и Могила.

Годинава,  се очекува третирање и по воздушен пат, односно авионско прскање против комарците.
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и препораките на Министерството за здравство и врз основа на одлуките на Советите на општините од Пелагонискиот регион, започнува првата фаза од земјената, односно теристичка дезинсекција со цел да се намали бројот на комарците.
-Од вечерва започнуваме со дезинсекцијата во општините во кои Центарот за јавно здравје е избран на тендер да ги спроведе активностите за прскање против комарци- информираше д-р. Тони Коњановски, епидемиолог во Центарот за јавно здравје.
Запрашувањето ќе се врши во период од 19.00 до 02.00 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пик-ап возило. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини, подраќјата по течението на реки, водотоци, каналните системи и застојните водени површини.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*