Home / Колумни / Заштитен сведок и хроничар на Битола

Заштитен сведок и хроничар на Битола

Во неделата, на 29 април, во предвечерјето на празникот на трудбениците 1 мај, Битолски весник  затвори уште една и  сврти  нова страница од својата богата 5,5 децениска историја.

Во неделата на 29 април, Битолски весник  одбележи уште еден свој роденеден. На големата роденденска торта овој пат  светнаа 54 роденденски свеќи, кои  го означија  роденденот на Битолски весник, кој точно на 29 април, 1964 година го објави својот прв број.

Во неделата, кога весникот  го прослави својот нов роденден, е  затворена уште една страница од богатата историја на Битолски весник и Весникот  почна да ја испишува првата страница од 55-тата година на своето опстојување.

Пред точно 54 години, во далечната 1964 година, во пре-двечерието на празникот на трудот, 1 Мај, излезе првиот број на Битолски весник. На 29 април 1964 година група ентузијасти и вљубеници во пишаниот збор,предводени од првиот главен уредник Владо Ласковски го издадоа првиот број на Битолски весник.

Оттогаш цели 54 години Битолски весник секоја среда, непрекинато  е редовен гостин во најголемиот број битолски семејства,не само во градот, земјата, туку и странство.

Битолски весник е без сомнение не само единствениот локален весник во  Република Македонија, којшто успешно опстојува во медиумскиот простор на печатените медиуми во Македонија, туку е и единствениот весник во државата којшто за период од 54 години немал ниту еден прекин во печатењето.

Битолски весник е единствениот локален  весник во Република Македонија којшто успешно опстојува  досега и за среќа на илјадници свои читатели не ја доживеа судбината на бројни печатени национални и локални печатени медиум.

Тешките пазарни услови на стопанисување, особено во печатениот медиумски простор во изминтите години не го преживеаја и дневните весници “Шпиц“, “Време“, “Македонија денес“ неделниците “Млад борец”, “Студентски збор“, “Дело“, “Старт“, “Зум“, “Национал“, “Пулс“, “Екран“, “Остен“, “Скок”, “Република“, “Жена“, “Сега“, “Неделно време#, “Глобус“, “Денес“, “Дневник“. “Вест“,“ Утрински весник“.

Ако се има предвид дека поради тешките услови за сто-панисување и недостигот на финансиски средства извесен период на киосците не се појавија и изданијата на “Нова Македонија# и “Вечер“, тогаш станува јасно дека Битолски весник е без сомнение  не само најстар, туку   и единствен весник во државата којшто во сите изминати 54 години континуирано и без никаков прекин редовно излегувал се-која среда.

И покрај тоа што како и останатите печатени медиуми во Македонија и Битолски весник во своето опстојување се среќавал со финансиски тешкотии и е оставен на ветрометините на пазарната економија, сам да се грижи за својот опстанок, сепак овој весник,  во сите овие 54 години ниту еднаш не престанал со редовно  излегување и печатење.

Денес Битолски весник е без сомнение еден од најзначајните печатени медиуми во државата којшто одамна ги надминал локалните рамки.

Многумина за  Битолски весник велат дека е сведок и хроничар во градот. Некои велат дека тоа е битолскиот Пиреј и колективна меморија на Битола.Но една мисла искажана од  професорот по новинарство, Тоци Груевски  на најдобар начин го прикажува Битолски весник во сите овие 54 изминати години.

-Битолски весник е Светилник не само на битолското, туку и на македонското новинарство. Тој не само што со своето опстојување зборува за  Гутенберговата галаксија, туку  на најдобар начин му пркоси на сите мрачни предвидувања дека во ова (не)време на технолошка револуција во медиумите, доаѓа крајот на печатените медиум, напиша  во една прилика  проф. д-р Тоци Груевски

Битолски весник е вистински хроничар на Битола.Во сите овие изминати 54 години од излегувањето на првиот број Битолски весник знаел да информира, пофалува, но и да критикува. Но, во секоја прилика настојувал тоа да го прави професионално, објективно  и одговорно.

Новинарите на Битолски весник  уште од првиот број, а и ние денес  настојувавме  на тоа да опстоиме, Битолски весник, да биде весник на граѓаните на Битола

Весникот, уште од првиот број, во далечната 1964 година, на голема врата  ја освои својата слобода. Таа слободоумна идеја не  води и денес.

Без разлика тоа им се допаѓало или не, Весникот опстојува на својот аманет и завет, да биде Весник на граѓаните, на битолчани.

Во овие роденденски денови, кога за три дена ќе свртиме нова страница кон нашата 5,5 децениско опстојување, цел овој изминат период сме имале бројни поддржувачи. Но сме имале и голем број луѓе и поединци кои ни го посакувале крајот.

Криејќи се под превезот на нивната неограничена власт, или наводна  штедливост, многумина отворено без да ги кријат своите намери ни го посакуваа крајот. Но на сите такви поединци сите такви заложби им биле залудни.

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!