Home / Вести / Францускиот амбасадор Тимоние прв ни го честиташе роденденот

Францускиот амбасадор Тимоние прв ни го честиташе роденденот

По повод прославата 54 години од излегувањето на првиот број на Битолски весник, до редакцијата и на нашата меил адреса пристигнаа многубројни честитки.

Голем број наши читатели ни го честитаа роденденот со желба Битолски весник и натаму  да опстојува на македонскиот медиумски простор.

Меѓу првите кој ни го честита роденденот беше неговата екселенција, францускиот амбасадор во Република Македонија, Кристијан Тимоние, кој со пиетет зборуваше за Битолски весник.

Своите честитки за роденденот Тимоние ни ги искажа уште во кабинетот на градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, за време на неговата посета на Битола.

Инаку да потсетиме не само Тимоние, туку и кај  другите амбасадори на Франција во Република Македонија Битолски весник има(л) висок рејтинг.

Во Франција се посебно ценети и почитувани локалните и регионалните печатени медиуми и Франција со значајни средства ги субвенционира таквите медиуми, што не е случај кај нас.

Редакцијата на Битолски весник ја користи оваа  прилика јавно да им се заблагодари на сите кои ни испратија честитки за јубилејот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!