Home / Вести / Ковачевски: Во РЕК Битола нема криминал и корупција

Ковачевски: Во РЕК Битола нема криминал и корупција

РЕК Битола ги отфрла  сите обвинувања од вчерашната изјава на Христијан Мицкоски за наводен криминал, корупција и непотизам во работењето на нашиот најголем електро – енергетски комбинат во државата.

Во интерес на вистината, ја информираме јавноста дека носител на јавната набавка за ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола е фирмата ГП Пелистер од Битола. Согласно договорот ГП Пелистер има можност да ангажира подизведувачи, за што Комбинатот мора навремено и прецизно да биде известен и за истото да добие согласност.  Најодговорно тврдиме дека фирмите “СВ. Инвест“ од Битола и “Тотал инженеринг“  од Струмица, ниту некогаш работеле, ниту во моментот   работаат како подизведувачи на ископ и транспорт на јаглен во РЕК Битола.

Ова го изјави на денешната прес-конференција во РЕК Битола, генералниот директор на Комбинатот, Васко Ковачевски, кој додаде дека тоа има неколку начини да се провери: преку записниците за изведување на работите, извештајот за работа на ПЕ Рудници и извештаите за влез и излез на лица, возила и опрема во Комбинатот.

-Оттаму со  Мицкоски се согласуваме со едно,а тоа е надлежните институции, а посебно Јавното обвинителсто да ги проверат неговите јавно изнесени наводи и да ја утврдат вистината. А во иднина секој оној, вклучително и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,што ќе изнесе конструирани невистини, лажни факти и дезинформации, со кои ќе ја замајува јавноста ќе се соочи со одлучен и категоричен одговор. АД ЕЛЕМ и РЕК Битола за секој таков обид ќе побараат одговорност пред судските институции.

Воедно најавуваме дека многу скоро АД ЕЛЕМ и РЕК Битола ќе излезат со информации во јавноста за работењето на Компанијата и Комбинатот во непосредно изминатиот период, но и за перидот кога токму Мицкоски беше анагжиран во РЕК Битола и раководеше со АД ЕЛЕМ, нагласи на прес-конференцијата  првот човек на РЕК Битола, Васко Ковачевски.

 

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!