Home / Uncategorized / Жбогар: Македонија не е во политичка криза

Жбогар: Македонија не е во политичка криза

Случајот со СЈО и обвинителката Катица Јанева го гледам од позитивната страна. Гледаме дека Јавното обвинителство се бори против корупцијата, дека води борба против корупцијата на високо ниво. Сметам дека ги подржуваме Јавното обвинтелство да биде поангажирано и да работи на вакви случи. Мислам дека нема причини за политичка криза во државата, бидејки институциите функционирааат, ЈО е функционално, а функционира и СЈО, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар.

– Точно е дека специјалната обвинтелка Катица Јанева ја нема и дека си даде оставка. Тоа е земено во предвид, меѓутоа СЈО ќе продолжи да функционира до 15 септември, додека е Законот за неговото постоење. Дотогаш има доволно време лидерите на партиите да размислат за работата на СЈО, можноста тоа да биде интегрирано во рамките на Општото јавно обвинителство. Меѓутоа има време сето тоа да се реши – потенцираше евроамбасадорот.

Во однос на случајот на Катица Јанева, Жбогар смета дека има доста шпекулации и дека не би сакал да навлегува во тоа, меѓутоа тој вели дека е факт дека СЈО било многу корисно и важно во својата работа во случаите кои ги покренало и таму имало големи експертизи и големо знаење и кај обвинителите и кај истржителите.

– Тоа знаење треба да се искористи. СЈО ќе ја работи својата работа и тоа треба да се зачува – кажа во Новаци Самуел Жбогар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*