.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Култура / Жулиет Бинош ја посети “Хераклеја Линкестис“

Жулиет Бинош ја посети “Хераклеја Линкестис“

Француската актерка Жулиет Бинош, која доцна синоќа пристигна во Битола на ИФФК „Браќа Манаки”, денеска ги посети античкиот локалитет Хераклеја Линкестис, а подоцна замина во посета и на Охрид.

Според организаторите на фестивалот, на француската дива , која во моментот снима четири филмови, исклучително и се допаднала природата во Македонија, како и античките и средновековните локалитети.
Во текот на денешната екскурзија во Охрид ги разгледала црквата „Св Богородица Перивлепта”, Канео и Плаошник. Во галеријата на икони во музејскиот комплекс на црквата „Св. Богородица Перивлепта”, Жулиет Бинош, која и самата слика, останала цел час, задржувајќи се многу повеќе од предвиденото. Иконите во галеријата ги оценила како вистински ремек дела.
Вчера вечер, по пристигнувањето во Битола , таа побарала да проба македонски специјалитети, кои многу и допаднале, особено гравчето. Пробала мезиња, пити и други македонски традиционални јадења, како и ракија за која рекла дека ја освежила по долгото патување.
Јавниот разговор со неа е во недела од 11 часот во малата сала на Центарот за култура во Битола. Настанот ќе го модерираат Лабина Митевска и Жарко Кујунџиски.
Трисет и петото издание на „Браќа Манаки” почнува вечер во 20 часот. Покрај Бинош, во Битола се уште двајца оскаровци, Лука Бигаци и Крис Менџис.
На фестивалот два македонски филма ќе ги имаат своите премиери – „До балчак” на Столе Попов и „Децата на сонцето” на Антонио Митриќески. Вкупно 76 филма во осум категории ќе бидат прикажани на Фестивалот, меѓу кои и омаж на Милчо Манчевски. Годинашното јубилејно фестивалско издание се одвива под слоганот „Кон ѕвездите”.
Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*