СДСМ од членарина собрал околу 211.000 евра, додека од 76 донатори добил 36.000 евра, меѓу кои се издвојува сумата на кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Наумовски – односно околу 2,5 илјади евра, а има донации од физички лица кои доспеваат дури до 3000 евра. За реклами, власта до сега навела дека потрошила околу 17 илјади евра, од кои 12 ипол илјади во телевизија Алсат- М.
ДУИ до ДИК ги пријавила само приходите од членарина, кои изнесуваат 6.500 евра, додека Беса во својот извештај навела дека шест лица донирале вкупно 5.800 евра, а од членарина собрале 13.300 евра. Алијанса за Албанците од донации собрала 19.200 евра.
Освен првичниот извештај, втор отчет партиите ќе треба да дадат и до 14 октомври, а конечен финансиски извештај ќе треба да поднесат 30 дена по