Don't Miss
Home / Uncategorized / Во Битола повеќе умираат, отколку што се раѓаат деца

Во Битола повеќе умираат, отколку што се раѓаат деца

Податоците од второто тромесечие за наталитетот во Битола според податоците на Државниот завод за статистика се алармантни.
Имено, според овие потадоци бројот на умрените деца во Битола е поголем, отколку бројот на новородените живи бебиња.
Според овие податоци во второто тромесечие во 2014 година, во Битола биле родени 235 живи бебиња, но умреле 288.
Поради тоа Битола се наоѓа убедливо на првото место во Република Македонија.
Овој факт доволно зборува дека во Битола белата куга одамна владее.
Инаку, како што е вообичаено најголем пораст на новородени деца има во градовите каде што живее албанско население, каде има пораст на новородените, во однос на умрените бебиња.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*