Непознат сторител извршил тешка кражба и од земјоделска аптека во Битола успеал да украде 8.100 денари, земјоделски и ветеринарни лекови во вредност од околу 480.000 денари.
Времето кога крадецот влегол во аптеката не се знае. Непознатиот сторител кражбата ја извршил влегувајќи преку балконската врата. Си ги зел парите и препаратите и побегнал. Полицијата трага по сторителот.