“Секој од нас чувствува дека она што го прави е само една капка во океанот. Но, ако не правиме ништо, океанот ќе биде посиромашен за таа една капка“- Мајка Тереза.
Поплавите кои во изминатиот период ја зафатија Република Македонија, предизвикаа бројни штети на земјоделските посеви, патиштата и домовите на луѓето.
Во овие тешки моменти за жителите на поплавените места, Стопанска банка а.д. Битола донираше во општините Новаци и Могила.
Донацијата се состоеше од вода за пиење и средства за лична хигиена кои беа испорачани до Општините зафатени од поплавите.
Со овој чин на хуманост, Стопанска банка а.д Битола повторно докажа дека е општествено одговорна, односно дека со причина го носи логото “НАША БАНКА“.
Б.В.