По повод светскиот ден на книгата и авторското право Унијата на жени на владејачката ВМРО ДПМНЕ организираа трибина посветена на пишаниот збор, на книгата и нејзиното влијание во секојдневниот живот.
Истовремено присутните во преполнетиот Завод и музеј донираа книги кои ќе го збогатат фондот на книги во библиотеката на основното училиште “Св Климент Охридски“ Битола.
-Секој повод треба да биде искористен да се проговори за книгата и нејзиното значење, таа е порта кон знаењето, кон подобар живот и обезбедување одржлив развој во светот. Книгата отсекогаш била прозорецот што го отвора светот, придонесува да осознаеш многу земји, култури и да се едуцираме на повеке јазици рече во своето обраќање пред многубројните присутни д-р. Анита Ангелевска, претседателка на Унијата на жени на ВМРО- ДПМНЕ Битола.
На трибината присуствуваше и познатиот драмски писател Братислав Димитров кој пред присутните истакна:
-Ако правиме симболика тоа е како тутунот од садење нива, па до готов производ на пакета цигари, затоа мислам дека и печатените медиуми треба да одвојат поголем простор за популаризација на добрата книга, ако се има во предвид нејзиното значење- рече драмскиот писател Братислав Димитров на трибината организирана од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, посветена на книгата и пишаниот збор.
Б.В.