Масовен митинг на ВМРО-ДПМНЕ, на кој присуствуваат неколку десетици илјади граѓани, се одвива вечерва во Скопје пред Македонското Собрание.
Целта на митингот под мотото „Македонија силна!“ е да се потврди поддршка на народот за власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Никола Груевски.
На масовниот митинг ќе говори премиерот Никола Груевски.