Don't Miss
Home / Uncategorized / Здружението “За нас се работи“ наместо еколошки, испорачува политички барања

Здружението “За нас се работи“ наместо еколошки, испорачува политички барања

Во врска со најавените денешни протести на Здружението “ За нас се работи “ на кои (ќе)се бара оставка на градоначалникот на Битола д-р. ВладимирТалески со реакција се јавија од канцеларијата на градоначалникот.
Во соопштението меѓу другото се вели:

-Деновиве сме изложени на силен притисок и бескрајно самоволие од невладината организација „ За нас се работи “, која се обидува да изманипулира дел наши сограѓани, убедувајќи ги дека нивните активности се исклучиво од еколошка природа. Тие таканаречени “ екологисти “ го нагрдија нашиот град со нивните плакати и графити, кои повикуваат на протест со цел барање на оставка од градоначалникот. Бидејќи од друга страна често ни се јавуваат групи на граѓани и поединци, уплашени од неразумните навреди, валкања, беснеења низ градот, обвинувања, а посебно загрижени од повикот за протест, чувствуваме одговорност да соопштиме дека има неколку укажувања за можна ескалација на таканаречените “ мирни протести “, што подразбира дека сегашното самоволие на невладината организација може да се претвори во инцидент. Укажуваме на нашите граѓани на можни провокации и повикуваме на внимателност да не превземаат контра мерки, бидејќи начинот на дејствувањето на оваа организација која без никакви резултати зад себе, добила поддршка од “Сорос“  со 23 илјади долари – нема за цел чиста животна средина, туку директно политичко влијание на актуелната политичка ситуација, а целта е да се предизвикаат граѓански немири, се вели во соопштението на Канцеларијата на градоначалникот д-р. Владимир Талески.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*