Денеска, во еднодневна посета на Битола, беше амбасадорот на САД во Република Македонија, Пол Волерс.
Амбасадорот го посети основното училипте “Гоце Делечев“, каде донираше електронски книги за библиотеката на основното училиште . Амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс донацијата ја направи во знак на 11-годишната соработка со училиштето.
Освен донацијата, Волерс се запозна и со активностите на учениците и училиштето, а го пофали и работењето на Американското катче во Битола , каде голем број од посетителите на катчето биле токму ученици од ОУ “Гоце Делечев“.
Б.В.