За нов координатор на Општинскиот комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во Битола, според неофицијални извори на “Битолски весник“ е назначен актуелниот директор на Националната установа Центар за култура- Битола, Борче Димитровски.
Димитровски е назначен за нов координатор на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, по неколкумесечното анкетирање и исчекување, кој ќе го замени досегашниот Зоран Илиоски кој стана пратеник во републичкото Собрание.
Инаку, оваа информација сеуште никој официјално не ја потврдува.
Б.В.