Don't Miss
Home / Политика / Дали екс-градоначалникот на Могила произведува тутун на црно?

Дали екс-градоначалникот на Могила произведува тутун на црно?

Потпретседателот на СДСМ, Александар Кирацовски кој пред два-три дена излезе во јавноста со информации дека во ниви во близина на Општина Могила, се произведува на црно тутун од типот “Вирџинија“, денеска во јавноста излезе со нови моменти за оваа тутунска афера.

-Министерството за земјоделство го призна скандалот што го обелодени СДСМ. Во Могила, на 60 хектари земјиште, се одгледува тутун на црно. Но еве што се друго премолча пред јавноста Министерството за земјоделство, рече Кирацовски и додаде:

-Премолчи дека, само на овие 60 хектари, незаконски се произведуваат околу 130 тони тутун, од видот “Вирџинија“. Дека вкупната пазарната вредност на овој тутун, според информациите од терен, е близу милион евра. Кај кого завршуваат овие пари? На кого му е дозволено да одгледува, продава и заработува од тутун на црно- праша Кирацовски.

Ние денеска бараме власта да признае, дали од тутунот на црно во Могила веќе 5-та година се богати екс- градоначалникот на општина Могила од ВМРО-ДПМНЕ,Славко Велевски, на кого Груевски му довери 16 години градоначалнички мандат- праша Кирацовски кој притоа на пресот, покажа имотни листови од земјиштата каде Велевски на околу 9.500 м2 произведува тутун на црно.

IL 95 V S 1

Дали на вакви големи површини, на црно произведува тутун и Злате Пресилски , вработен во Подрачното одделение на Министерството за земјоделство во Битола?

Еве Имотен лист, со денешен датум, за земјиштата во илјадници метри квадратни, што се пријавени за наводнување во Ј.П Стрежево – Битола под име на Пресилски.

IL 1053 VS

 

 

Parcela 3125 PZ

На граѓаните кои чесно плаќаат давачки кон државата, власта мора да им каже:

Кој го откупува тутунот на црно? Кој го транспортира на црно? Дали се прават цигари на црно? Кој ги пакува, кој ги продава и каде?

Дали луѓе блиски до власта намамиле чесни земјоделци од Могила, кои не знаејќи во што се впуштаат, засадиле од тутунот? За тутунот “Вирџинија“ нема откупни центри. Се оди на црно.

Како е можно Државниот инспекторат за земјоделство и МВР повеќе од пет години да не знаат што се прави во околината на Могила?

Чесните граѓани на Република Македонија и чесните тутунари кои макотрпно го заработуваат парчето леб чекаат одговор:

Дали во Македонија се случува огромен криминал со тутун и цигари во којшто е вмешана власта?- праша на денесшната прес-конференција, потпретседателот на СДСМ, Александар Кирацовски.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*