Во рамките на проектот “Растеме и учиме заедно“ во општината Новаци во вкупно пет рурални села се изведува едукативна настава.
Овој проект, покрај со средства на Општината Новаци е финансиран и со средства на УНДП, како и Министерството за труд и социјална политика.
Наставата во петте новачки села ја изведуваат 5 едукатори, еден дефектолог и еден псхихолог, кои се вработени на половина работно време.
За тоа како се реализира овој проект денеска општината Новаци ја посети постојаниот престатавник од УНДП во Република Македонија, Лујза Винтон.
По средбата со градоначалникот на Новаци Лазар Котевски Лујза Винтон изјави:
-Прв пат сум во Новаци и многу сум благодарна за гостопримството, топлото добредојде и секако за успешноста на нашето партнерство. Нашата соработка ќе продолжи и понатаму а особено се радувам што овозможивме социјализација на дечињата и обезбедување на исти услови за едукација како во урбаните така и во руралните средини. Овој проект има и друг ефект а тоа е привремено вработување на лица кои подолго време бараат работа- изјави Лујза Винтон, постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
За реализацијата на овој прокет, градоначалникот на Општината Новаци, Лазар Котевски изјави:
-Со овој проект се опфатени вкупно 58 дечиња од пет села на територијата на општина Новаци:Добромири, Далбеговци и Живојно, додека во Агларци и Гермијан дечињата се згрижени во подвижен центар.Со програмата за одржливи вработувања привремено се вработени на пола работно време 5 едукатори , еден психолог и еден дефектолог.Заинтересираноста кај родителите за ваква едукација на своите деца е голема затоа што учеството во овој проект придонесува за социјализација на децата од руралните средини преку заедничко дружење и
учење- истакна градоначалникот Котевски.
Инаку општината Новаци по третпат реализира еден ваков проект од програмата општинско корисна работа.
Претходно во Новаци успешно беа реализирани шест месечниот проект за неформално образование на жените албанки и нивно изучување на македонскиот јазик, како и проектот „Растеме и учиме заедно 1”.
Б.В.