Don't Miss
Home / Uncategorized / Груевски избра нов ИК,Бетмен нов член

Груевски избра нов ИК,Бетмен нов член

ВМРО-ДПМНЕ избра нов Извршен комитет. На листата која што предмалку ја објави членот на Извршниот комитет, Антонијо Милошоски се најдоа многу нови имиња, како професорот Драги Димитровски, нефрологот Игор Николов, како и пратеникот Зеќир Рамчиловиќ.  Досегашниот генерален секретар на партијата Емил Димитриев, ќе го замени директорот на ЕЛЕМ, Христијан Мицковски.

Во комплетно „освеженото“ највисоко партиско тело влезе и граѓанскиот активист Богдан Илиевски Бетмен, потоа Александар Николоски, Џери Нумов, Златко Перински, историчарот  Никола Србов, Славе Трпески, пратеничката Ане Лашкоска.

На листата се најдоа и имињата на Сеад Солаковски, лекар од Лабуништа, Марио Цветковски од Куманово , ветеринарот Дијана Транталовска, Светлана Колариќ, поранешниот портпарол на Владата, Александар Георгиев, кошаркарот Дејан Јовановски,  Анета Стојановска Стефанова и Армен Незири, Дебар

„Едногласната поддршка од Централниот Комитет е голема обврска за секој од нас.
Чест ми е што во тимот ни се придружуваат докажани луѓе“, напиша Милошоски на Фејсбук.

Во Извршниот комитет остануваат и неколкумина од досегашните членови – Илија Димовски, Антонијо Милошоски, Влатко Ѓорчев, Коце Трајановски, Никола Попоски, Никола Тодоров, Рангелова, Владимир Нелоски, Нермин Теловска и Зоран Савевски.

„Им пожелувам на сите да работат со чест кон ВМРО, и со достоинство за Македонија!“, порача вечерва Милошоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*