Don't Miss
Home / Uncategorized / Изградба на надвозник кај населба Боримечка

Изградба на надвозник кај населба Боримечка

-Во Битола постојат огромни сообраќајни проблеми. Еден од најголемите е доаѓањето на училиште на децата од населбата Боримечка во училиштето Коле Канински- изјави денеска Валентин Груевски, носител на  советничката листа на СДСМ и Коалицијата.

-За да стигнат на час мораат да преминат преку железничка пруга и многу прометна улица. Новата локална власт ветува многу работа, многу посветеност и живот во Битола за сите. Ветуваме изградба на надвозник кај населба Боримечка преку кој безбедно ќе може да се поминува и да се стига во училиштето Коле Канински. Ќе градиме одговорно, транспарентно и домаќински за секој граѓанин да добие решение кое ќе му го подобри животот во неговата животна средина- ветуваат од СДСМ и Коалицијата “За живот“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*