Кривичниот суд за оценка на обвинителен акт го одобри обвинителниот акт за случајот „Транспортер” на СЈО.
Ви соопштениeтo nа кривичниот суд се вели:
„Советот за оценка на обвинителен акт кој постапуваше по обвинителниот акт поднесен од страна на Основното јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) против 21 лице за предметот во јавноста познат како „Транспортер”, по добивање и разгледување на приговорите на странките во постапката во однос на обвинението, како и ценејќи ги фактите врз кои е заснован актот, донесе одлука со која го одобри обвинителниот акт”, пишува во соопштението на судот.
Главна расправа за овој случај се уште не е закажана. Предметот според електронскиот систем за распределба на предметите АКМИС и е доделен на судијката Лидија Петровска, која исто така е судија и во случајот „Тврдина 2” на СЈО.
Во случајот „Транспортер” првообвинет е градоначалникот на Битола, Владимир Талески кој се сомничи за злоупотреба со превозот на ученици во Битола, kako i negovata desna raka Slobodan Bon~anovski.
Овој случај СЈО го отвори во април минатата година, а освен градоначалникот Талески, осомничени се уште 21 лице.