Во својата колумна на порталот Дудинка “партизанката “ Мирка Велиновска пишува дека поразот на ВМРО ДПМНЕ на локалните избори не може да се спречи и дека оваа партија, чиј мегафон беше Мирка, може да се надева на победа во Свирипичино.
Претстојните локални избори ви се кажува уште од сега дека ќе бидат чиста фингерајка. Како претходната пучистичка играрија која тргна со бомбите на Заев, преку куртон револуцијата до пржинската гротеска до постизборниот преврат.
Партиите од наводната опозиција веќе не се ништо друго туку обично средство за легализирање на фашизмот како божемен избор на македонскиот гласач. ЦИА преку Бејли калкулира дека таа ќе победи вака или онака. ДИК е негова алатка. Ако разочараниот народ не отиде на избирачките места Бејли и неговиот тим нема да мора да полни многу кутии и да увезува Албанци и Бугари.
Ако пак народот излезе во значителен број, Бејли ги има спремено големоалбанските фантоми а сега богами и големобугарските плус мигрантите кои ќе добијат државјанство кои ќе ги надополнат отсутните македонски гласачи. Бејли им го има дадено веќе и списокот на градови кои ќе добијат црпнат градоначалник. По волја на ,,народот,,.
На ДПМНЕ началството му има веќе приложено и конструктивен пораз со тек – тук победа во Чашка, Сопиште, некое свирипичино и евентуално една скопска периферна општина… На фашизмот му треба освојување на теренот. Инаку се е џабе како во Авганистан.
Што е чарето? Чарето е силна демонстрација на македонската колективна волја. Во вакви услови на окупација нужност е создавање паралелна жива и функционално организирана Македонска држава со сите нишани. Стопостотен излез и гласање за себе, за листи на кандидати кои се веродостојни кои во своите средини важат за авторитети, за луѓе со достоинство и интегритет. За луѓе кои не се дрчни за пари, не се кариеристи, не се превртачи, карактерно лабилни, плашливи и без идеали. Личности кои не ги сметаат ЕУ и НАТО за свети крави, такви кои ќе нудат излезни решенија од гомнаријава во која не внесоа сите досегашни политичари. Меѓу таквите ќе ги препознаеме потенцијалните водачи. Од таквите фашистите најмногу се плашат. Со таквите се организира и брани теренот. Не заборавајте, како секој штакор, и ЦИА се плаши од одлучна и мотивирана локална маса. Стравот и својата ранливост ја манифестира така што станува агресивна и крволочна. Преку сеење страв и со силна пропаганда сака да не обесхрабри и пасивизира. Не верувајте во она што ви го прикажува Холивуд. Верувајте во себе. Оваа борба е над сите борби. Си ја браниме секоја педа од нашата земја. Секоја куќа и улица. Оваа борба е тешка, но е вистинско излезно решение.
Ни го покажа тоа народот на Венецуела и Боливија и Исланд и Сирија, а сега и Филипини. И во САД оваа борба е почната. На сите страни самосвесните народи се подготвуваат за генерално чистење. Парадирањето на до заби вооружени американски војници низ Европа и на Балканот не значи ама баш ништо. Така се курчат само слабаци. Така се курчеше и Хитлер. Додека неговите не побегнаа во американското и европското подземје. Тоа е неминовно како што и победата над ЦИА фашизмот со експоненти како Џорџ Сорос , разно разни нуланди, мекејни, бајдени е неизбежна.