Don't Miss
Home / Uncategorized / МЗ Даме Груев приоритет на новата локална власт

МЗ Даме Груев приоритет на новата локална власт

Денеска се наоѓаме на ул. „Даме Груев“која е само уште една потврда за недомаќинското работење на ДПМНЕ.

Цели 3 мандати, Талески воопшто не водеше сметка за ниту една споредна улица, а и оние главните, на кои нешто се работеше, веќе се уништени поради неквалитетнта изведба. Жителите на оваа улица 12 години добиваа  само лажни ветувања и ништо повеќе. Им претстои долга зима која уште повеќе ќе им го отежни функционирањето со ваква стара и лоша инфраструктура.

Овој дел од градот е еден од нашите приоритети,  а покрај инфраструктурните решенија имаме и многу други битни проекти за МеснатаЗаедница Даме Груев, меѓу кои се:

-Нови тоалети кај Ат-пазар ,зголемување на зелените површини ,обнова на паркот Кајнак ,детски парк зад објектот на М.З. ,реновирање на задниот двор на ОУ„ДамеГруев“ ,реновирање и асфалтирање на дел од улиците во населба Мал Париз ,уредување на делот ка јстариот објект на Маврово …

Затоа време е да се чуе гласот на народот,.на сите оние кои имаат проблеми, на сите засегнати граѓани. Време е да се работи чесно, време е за живот во Битола!, истакна кандидатот за советник  Зоран Георгиев, од НСДП и Коалицијата “ Живот за сите “

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*