Home / Економија / Неактивни трите блока на РЕК „Битола“

Неактивни трите блока на РЕК „Битола“

Трите блока на термоелектраната РЕК „Битола“ од денеска не се во функција и не произведуваат струја.

Еден од блоковите е во ладна резерва, вториот не работи поради ремонтот кој се изведува врз него, а третиот престана да работи откако и тој денеска испадна од системот. Ваквата информација, дека трите блока на РЕК „ Битола“ од денеска не работаат ни ја потврдија од Комбинатот.

Додека некои испаѓањето на трите блока на РЕК “ Битола “ го прокоментираа како целосен колапс на електро – енергетскиот систем, од Комбинатот, ни соопштија дека третиот блок испаднал откако откажала заштитата на теремолектраната.

Стручните екипи на РЕК “Битола” ги прават сите напори еден од блоковите, кој денеска испадна од мрежата повторно да биде вклучен на електро – енергетскиот систем и дека најверојатно до 17 часот дефектот ќе биде остранет и блокот повторно ќе произведува електрична струја.

Инаку,  загриженоста на јавноста поради испаѓањето на сите три блока е сосема нормална, ако се знае дека РЕК „Битола” е столбот на електро-енергетскиот систем на Македонија, со производство на речиси 80 проценти од вкупната електричната енергија, која се произведува во државата.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*