Home / Спорт / “Цермат“ се откажа, нов спонзор во ФК Пелистер

“Цермат“ се откажа, нов спонзор во ФК Пелистер

По влегување на Фудбалскиот клуб Пелистер (не)очекувано со писмо до Советот на Општината Битола се огласи и сопственикот на клубот Зоран Ристевски, сопственик на Цермат.

Битолската компанија за производство на сладоледи упати барање до Општината Битола за раскинување на договорот за продажба на доминантниот пакет акции во ФК Пелистер.

Во известувањето испратено до Општината Битола и градоначалникот Владимир Талески, Цермат ДОО Битола известува дека согласно член 10 став 2, компанијата го раскинува Договорот за продажба на мнозинскиот пакет акции заклучно со крајот на фудбалската сезона 2015/2016.

Од Цермат имаат наведено дека основната причина за раскинување на договорот е разочарувањето од лошите резултати што Пелистер ги постигна откако оваа компанија го презеде раководењето на клубот.

Инаку, неофицијално како што дознаваме, нови сопственици ќе бидат компаниите ЗК Пелагонија, Пелистерка и Стопанска банка АД Битола, заедно со општинската власт во Битола. Но, никој од страна на Општината Битола до заклучувањето на весникот не се огласи официјално тоа да го потврди или демантира.

Но, пред седницата на Советот на Битола се случија и првите назначувања во ФК Пелистер.

Трансформацијата во ФК Пелистер во практиката веќе се спроведе порано од администратините акти, а назначен е нов спортски директор, Благоја Коцевски – Блашко, кој изминатава сезона раководеше со Тетекс, а токму тој клуб во завршницата не успеа да се избори за бараж, и тоа место му припадна на битолскиот второлигаш.

За љубителите на фудбалот во Битола деновите пристигна и уште една добра вест, а тоа е дека Градежната компанија Гранит е прворангирана на тендерот за изградба на комплетната северната трибина каде ќе бидат сместени покрај 3.500 седишта за гледачи, аднинистративните простории и соблекувалните за Пелистер и гостинските екипи и за други фудбалски екипи.

За брзо време ќе бидат познати и роковите за изградба по завршување на тендерската процедура. Парите за изградба на трибината ги обезбеди Општината Битола.

Инаку, што се однесува пак до местото шеф на Стручниот штаб на Пелистер, нема да има промени и на тоа место останува сегашниот тренер Науме Љамчевски, кој деновите треба да го претстави и планот за подготовки пред новата управа на Пелистер, која, исто така, ќе се формира наскоро.

 

 

С.Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*