Don't Miss
Home / Uncategorized / Обвинет најави откривање вистината за Диво Насеље

Обвинет најави откривање вистината за Диво Насеље

Бајрам Елшани, еден од обвинетите во судската постапка за случајот Диво Насеље во судница стана и пред сите присутни и се обрати на судијката дека, како што рече, се ќе биде, и тој ќе ја открие целата вистина за случајот во неговиот завршен збор

На денешното судење забележливо беше зголемено присуство на припадници на специјалните сили на МВР повеќе од вообичаено за ова судење. Голем број специјалци беа распоредени внатре во големата судска сала во Врховниот суд каде се одржува судењето.

Уште на стартот на рочиштето на кое Обвинителството даваше завршен збор, дел од обвинетите започнаа да се обраќаат на висок тон со зборовите “Нема правда, нема мир”, “Не сакам да сум терорист, сакам да сум борец за слобода”, “Господ да ја благослови Америка”…

Судијката Верка Петковска одвај успеа да ги надвика обвинетите, по што со решение од судот 15 обвинети беа отсттранети од судница заради непочитување на судот и редот во судската сала.

Обвинетиот Валдет Зекај, кој важи за најголем бунтовник во судницата и кој од почеток е најгласен на секое судско рочиште, стана прв од сите обвинети и рече: “Сакам правдата да излезе на виделина. Господ да ја благослови Америка. Извадете ме надвор”.

По него обвинетиот Фатмир Речица и се обрати на судијка: “Барам да излезам надвор. Јас не сакам да сум терорист, сакам да сум борец за слобода”. На зборовите на обвинетиот Речица во судница поддршка даде обвинетиот Лимир Красниќи.

По него стана Ландрит Рустемај кој рече дека овде во судница немало правда, а на неговите зборови се надоврза обвинетиот Беким Кабаши кој извика на цел глас: “Нема правда, нема мир”.

По нив стана и обвинетиот Генци Сефа кој и рече на судијката: “ За вас претставува мал проблем дали сме овде или не. Вие вршите притисок на нашите адвокати и тие веќе не можат да не бранат како што треба. Одлуката која ќе ја донесете не ме интересира и за мене претставува најмал проблем”.

Обвинетиот Анди Красниќи кажа дека обвинетите веќе посочиле од кого се измамени и повторно побара судот да ги прифати предлозите за сведочење на поранешни функционери.

И обвинетиот Сами Укшини стана и побара да биде отстранет од судницата со обрзложение дека не сака да слуша невистини, а обвинетиот Дем Шеху стана и се надоврза со зборовите: “Се ова е една голема лага”.

Највпечатлива од сите изјави беше онаа на обвинетиот Бајрам Елшани кој откако обвини дека завршните зборови на обвинителот се навистина, на судијката и рече дека во неговиот завршен збор ќе каже се што треба да се знае за овој судски процес.

“ Ние кажавме кој треба да дојде овде. Полека судија, се ќе биде. Се ќе кажам, се е тука”, реше Елшани. На ова судијката Петковска праша дали е тоа некаква закана кон судот, по што му посочи дека ќе може да каже се кога ќе дојде и неговиот ред за завршен збор.

По ове десетмина обвинети, станаа уште пет кои побараа да бидат отстранети од судската сала, обраќајки се на висок тон кон судијката. Целиот хаос од гласно зборување, викање од страна на обвинетите, станување од местата на кои седеа пуштајќи чекор за да излезат надвор, судијката Петковска се обидуваше да го смири укажувајќи им на обвинетите дека место да излегуваат надвор, можат да фаќаат прибележи за тоа што сметаат дека не е точно и потоа да кажат се во завршен збор.

“Место да викате и да не го почитувате судот, можете да извадите по еден лист хартија и да го запишете тоа што го кажува обвинителот, а што вие сметате дека не е вистина. Потоа во вашиот завршен збор ќе можете да кажете се што сакате. Сега мора да го почитувате судот и да го оставите обвинителот да го каже својот завршен збор” им рече судијката Петковска.

Но, и покрај ова обвинетите беа упорни во својата намера да го бојкотираат судењето. Судијката со решение отстрани вкупно 15 обвинети.

На судењето за Диво Насеље на 37 обвинети им се суди за тероризам и терористичка организација.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*