Заводот за рехабилитација на говор, слух и глас „Кочо Рацин“ Битола и Лајонс клубот „Кабадаја“ го одбележаа Меѓународниот ден на лицата со инвалидитет.
Традиционално учениците од битолските основни и средни училишта, заедно со деца од Заводот за рехабилитација на говор, слух и глас „Кочо Рацин“ одржаа дефиле низ Широк Сокак.
– Нашата установа секојдневно иницира активности за децата со пречки во развојот да бидат вклучени во сите сфери на општеството, да бидат социјално интегрирани. За жал дел од децата немаат пристапи во институции каде нема пристапни рампи и други помали или поголеми проблеми со кои се соочуваат нашите 75 ученици, а ги има од цела држава, истакна Маре Стојменовска Мицевска, директорка на Заводот за рехабилитација на говор, слух и глас „Кочо Рацин“-Битола.
Хуманитарниот настан „Обоиме во пријател“ во Битола се организира осум години по ред, а проектен носител е Лајонс клубот „Кабадаја“.
Б.В.