Don't Miss
Home / Политика / Општина Битола: СДСМ се експерти за лажење!

Општина Битола: СДСМ се експерти за лажење!

СДСМ немаат експерти за проекти, но се експерти за лажење! Во врска со изнесените ставови околу тендерот за јавно осветлување на градот, со реакција се јавија од Службата за информирање на Општината Битола. Во реакцијата, меѓудругото, се нагласува:

-По којзнае кој пат во јавноста беа изнесени ноторни лаги и невистини од страна на деструктивниот СДСМ. СДСМ немаат експерти за проекти, но имаат експерти за лажење. Во оваа прилика, во интерес на точното информирање на јавноста  сакаме да дадеме појаснувања за тендерот за јавно осветлување. Јавноста мора да знае дека  СДСМ ја лажат јавноста дека на повидок бил штетен договор во висина од 15.000.000,00 евра. Напротив вистината  е дека  се работи за потенцијален договор за јавно-приватно партнерство со високи економски ефекти, за што имаме завршен извештај од постапката доставена до Советот на Општината Битола, со надеж дека на следната седница ќе биде ставен  на дневен ред и рзгледан од страна на советниците во Советот, се нагласува во реакцијата од Службата за информирање на Општината Битола и се додава:

-Вистината е дека за 6 месеци ќе се инвестира во замена на повеќе од 10.000 светилки, ќе се остварува заштеда од минимум 60% електрична енергија, тековно ќе се одржува уличното осветлување 15 год., ќе добиеме квалитетно осветлување со задоволување на европски стандарди, а цената е постигната во регуларна постапка со намалување од над еден милион евра од почетната и изнесува. 3.995.201.35 евра.

-Општината на ваков начин заштедува минимум 450.000,00 евра годишно, се истакнува во реакцијата на Општината Битола.

СДСМ  лажат  дека некој на некого деновиве вршел притисок за некаков потпис. Напротив, вистината е дека  евалуацијата е завршена и потпишана уште на 28.03.2016, но заради лагите на СДСМ за предвремени избори, Извештајот од јавната набавка не се најде на минатите седници на Советот за усвојување. Очекуваме на следната седница на Советот на Општината Битола, Извештајот да се најде на дневен ред, па со тоа и вие, а и целата јавност да се запознае со деталите.

Јавните претпријатија кои СДСМ ги предлага да стопанисуваат со уличното осветлување немаат таква дејност, а немаат ниту  почетна инвестиција од 5.000.000,00 евра.

Предлозите на деструктивниот СДСМ имаат за цел – опструкција на проектот, оневозможување на странски инвестиции, сопствена утеха и пополнување на неповратно изгубеното време.

Зарем сметаат “експертите“  од СДСМ, дека ќе ги излажат граѓаните, дека постои инвеститор кој добил на тендер намалувајќи ја цената со конкуренцијата за повеќе од 1.000.000,00 евра, да инвестира и плус од тоа да му ги “наполни“ џебовите на некого за повеќе од три пати поголем износ од инвестицијата.

Очигледно е дека немаат црвена линија во лажењето, се вели во реакцијата на Службата за ин-формирање на Општината Битола, по повод изнесените наводи за тендерот за јавното осветлување на градот на прес-конференцијата на советникот на СДСМ, Горан Козаров.

 

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*