Home / Uncategorized / Почнаа да пристигнуваат првите купони

Почнаа да пристигнуваат првите купони

                            

          Само што ја најавивме акцијата на Битолски весник “ Избираме најуспешни битолчани 2019 “ во нашата редакција и на меил адресата веќе почнаа да пристигнуваат првите купони со предлози за добивање на некое од признанијата.

           Ваквиот голем  интерес, е најдобра  потврда дека и годинашната 21 по ред традиционална манифестација на “ Битолски весник “ ќе помине во веќе препознатливата гламурозна  атмосфера.

          Додека ги очекуваме  предлозите и купоните на нашите читатели, редакцијата на Битолски весник веќе ги почна подготовките за организацијата на Манифестацијата.

          Деновиве Битолски весник ги привршува преговорите со учесниците во  музичкиот и техничкиот дел на Манифестацијата.

          Како и во претходните години на гостите ќе им понудиме познати и афирмирани имиња од музичката естрада, не само кај нас, туку и во светот.

          За тоа време читателите веќе можат да гласаат на купонот кој  од овој број ќе го објавуваме на огласната страница.

          Инаку, како што е познато, читателите на Битолски весник покрај на  купоните  можат да гласаат за своите кандидати  и на нашиот меил

          И годинава како и во сите изминати 20 години претходно, ќе бидат избрани најуспешните битолчани  во областа на политиката, бизнисот, образованието, културата, естрадата,  новинарството, спортот, невладините организации, банкарството, а ќе бидат доделени и наградите за животно дело  и трајни вредности “Гран при “, како и наградата “ Ајри Демировски”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*