Don't Miss
Home / Македонија / Приватните лекари бараат фиксни плати од 40 илјади денари

Приватните лекари бараат фиксни плати од 40 илјади денари

Здружението на приватни лекари и Здружението на стоматолози бара државата да обезбеди фиксни плати од 40 илјади денари за лекар и 20 илјади денари за медицинска сестра во приватното здравство.
Опстанокот на 3.000 приватни клиники е загрозен, заради финасиски и законски оптоварувања, а единствено решение е измени во буџетот, рече Лидија Чолакова-Дервишова претседателка на здружението на приватни лекари, и побара итно разгледување на нивните барања.
Дервишова потенцира дека, педесет денари капитација за секој пациент е премала, според која потребно е нејзино зголемување како и воведување на партиципација кај матичен лекар.
– Од 2001 досега воведени се дополнителни давачки, а најновите се сопствениците на приватните амбуланти од кои, исплата на К-15 на вработените, покачување на 0,5 проценти на основицата на платите на вработените. Време е да се дискутира за партиципација од 20 -30 денари денари – потенцира Чолакова- Дервишова.
Таа додава дека според податоците на здружението, во изминатиов период, повеќе од 280 лекари си заминале од приватните здравствени установи, а тоа, како што вели Дервишова, укажува дека опаѓа квалитетот на здравствените услуги.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*