Don't Miss
Home / Uncategorized / Професори од СОУ “Таки Даскало“ на обука во Италија

Професори од СОУ “Таки Даскало“ на обука во Италија

Петмина професори од Средното општинско училиште Таки Даскало од Битола, од 25 март до 7 април, ќе патуваат на обука во Мандовио, Италија, во рамките на проектот “Иднината на образованието е во имплементација на европската клима за учење во училиштето”, кој се реализира во рамките на програмата Еразмус плус.

Вкупната вредност на проектот изнесува 12.500 евра, а е финансиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

 

Целта на проектот е размена на искуства, подобрување на вештините во различни области како екологијата, економската одржливост при менаџирањето на проекти, тимската работа, подобрување на вештините за информатичката технологија во образованието, подобрување на вештините за водење и унапредување на процесот на настава и имплементација на европските методи во наставата.
-Проектот е добиен од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Нашето училиште аплицираше минатата година, имаме италијански партнер и комплетната обука и престој во Италија се организирани од нашиот партнер, а самата евалуација и дисеминација ќе се извршува во Битола. Инаку, обуките ќе се изведуваат на англиски јазик, и покрај тоа што проектот ни овозможува подобрување на компетенциите на професорите и имплементација на европските искуства во нашиот образовен систем, исто така ни овозможува и подобрување на јазичните компетенции на наставниците.

Инаку, проектот претставува продолжување на активностите од минатата година, кога беа вклучени професори од стручните насоки, а оваа одина ќе учествуваат наставници од гимназиското образование – истакна м-р Весна Милевска, координатор на проектот.

 

 

М.М.Димитровска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*