Агенцијата за вработување на Реппублика Македонија денеска во Битола го одржа вториот Саем за вработување на кој со свои штандови се претставија 40-на фирми и организации од Пелагонискиот регион.
Според директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски, саемските манифестации се одлична можност за презентација на биографиите на лицата што бараат работа, како и за презентација на фирмите што нудат нови работни места.
Според информациите од локалниот Центар за вработување-Битола, во овој град евидентирани се 5.550 невработени лица, а најголем дел се со ниско образование.
– Во моментов на пазарот на трудот се бараат кадри со средна стручна подготовка, односно возачи, монтери, хигиеничари, продавачи, а се бараат и лица со познавања од информатички технологии, странски јазици и други струки, посочи Јешим Сејфуловска, раководител на Центар за вработување-Битола.