Home / Uncategorized / Се збратимија Битола и градот Нингбо од Кина

Се збратимија Битола и градот Нингбо од Кина

Во рамките на свеченостите кои веќе неколку дена се одржуваат во Битола, по повод одбележувањето на 70 годишнината од ослободувањето, денеска во Битола беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Битола и градот Нингбо од Република Кина.

На тој начин се заокружи една дамнешна идеја за соработка на Битола со град од Кина.

proslava 7

По потпишувањето на Меморандумот за соработка, кинеската делегација ја посети индустриската зона  “Жабени “, се со цел да се информираат за можностите за инвестирање на кинеските компании во оваа индустриска зона.

Инаку кинезите покрај желбата за соработка на културен план и во областа на туризмот изјавија подготвеност да лобираат во Кина за инвестирање во Битола, особено на планот на земјоделството, бидејки според Кинезите во Битола, која има над 300 сончеви денови во годината може да се произведува многу квалитетна храна, која кинезите со задоволство би ја виделе на своите трпези.
Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*