Don't Miss
Home / Политика / Шекеринска и Шилегов во (тајна) посета на Битола?

Шекеринска и Шилегов во (тајна) посета на Битола?

Потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска и портпаролот на партијата, Петре Шилегов деновиве биле во ( тајна) посета на Битола. Иако,  СДСМ Битола ја смета за “ свој “ град, посетата на Шекеринска и Шилегов била доста таинствена и за истата не само што не биле извесетни медиумите во Битола, туку ни најголемиот број од членството. Која била причината за посетата на Шекеринска на Битола и Шилегов, или таа била чисто партиска, само за тесен круг луѓе, јавноста во Битола не знае.

Но таквата посета во голема мера ги изреволтира одредени членови на партијата, кои биле вчудоневидени кога сосема случајно ги забележале двајцата како пијат кафе во (нај)популарното кафуле во Битола, “Пајтон “.
-Токму таквата “ Пајтон “ политика е причината што ние толку години сме во опозиција реагираа денеска до Редакцијата на Битолски весник одредени членови на СДСМ.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*