Неколку месеци по воведувањето на зонско паркирање во Битола, деновиве стартуваше зонското паркирање во третата зона. Фирмата “Стентон паркинзи”, која стопанисува со паркинг-просторот во Битола, деновиве ги постави таблите за наплата на паркирањето во третата зона.
Според ценовникот за паркирање во зоната Ц3 ќе се наплатува 20 денари за првите три часа, а потоа секој час ќе се наплатува 30 денари.
Паркирањето ќе се наплатува од 7 до 17 часот, во деновите од понеделник до сабота, а од 17 до 7 часот изутрината паркирањето ќе биде бесплатно.
За време на државните празници паркирање нема да се наплатува.
Воедно, деновиве почна плаќањето и за паркирање на паркингот кај спортската сала “Младост“.
Б.В.