На подрачјето на СВР- Битола во месец септември 2014 година приведени се девет лица за кои биле распишани потерници и истите се спроведени до соодветни установи и тоа: На подрачјето на ПС Битола на 09.09.2014 година врз основа на Потерница од ВПД Тетово спроведено е лицето Д.М.(19) од Битола за издржување казна малолетнички затвор во времетраење од 5 години од кои издржал 4 а има за издржување уште 1 година затвор во КПУ Затвор Велес. На 16.09.2014 година врз основа на Потерница од ВПД – Тетово приведен и спроведен е шеснаесетгодишен малолетник од Битола осуден за издржување малолетнички затвор од 5 години од кои издржал 4 , а има за издржување уште 1 година затвор во КПУ Затвор Велес. На 18.09.2014 година врз основа на Наредба од Основен суд Битола , приведено и спроведено во КПУ Затвор Битола е лицето Ј.А.(69) од Битола, за издржување казна затвор во времетраење од 20 дена. На 30.09.2014 врз основа на писмена наредба од КПУ Штип лишено од слобода е лицето С.К.(30) осудено за издржување казна затвор од 7 години и 9 месеци, а има за доиздржување уште 3 години 4 месеци и 8 дена.
На подрачјето на Полициската станица- Прилеп приведени и спроведени се лицата со иницијали К.Т.(53) од Прилеп, по наредба на ОС Прилеп за издржување казна затвор во времетраење од 1 година и 6 месеци. Лицето Д.С.(36) од Прилеп, по наредба на ОС Прилеп за издржување казна затвор во времетраење од 4 месеци. В.И.(30) од Прилеп , по наредба на ОС Прилеп за издржување казна затвор во времетраење од 1 година. Потоа лицето Ѓ.Б.(42) од Кичево , по распишана потерница за издржување казна затвор од 6 месеци, а има за доиздржување уште 1 месец и 20 дена, како и лицето со иницијали М.Ј.(26) од с. Дупјачани, по наредба на ОС Прилеп за издржување казна затвор во времетраење од девет месеци.