Изминатите денови гестот на младата новинарка на ТВ “Мега”Ана Стојанов и нејзиниот сопруг Игор, и текстот објавен во Битолски весник за нивниот хуман гест го “запалија” Балканот и го освоија светот.
Хуманиот гест на Ана и Игор, како и текстот објавен за нив во Битолски весник беше преземен од речиси сите позначајни портали во земјата, како и медиумите во соседството: српскиот Телеграф РС, дневниот весник Курир, хрватскиот портал Индекс ХР, Бања Лука ком, спрскиот весник Данас, Србија Данас, Црногорскиот портал Кодекс.МЕ. и Балканс прес… и други.
Според бројот на прегледи и “шерувања” текстот за Ана и Игор имаше над стотици илјади прегледи, што е своевиден рекорд и вистински куриозитет, кога станува збор за македонските медиуми
“ Цео свет прича од младенцима из Македонија” напиша српски Курир.
“Младенци Ана и Игор изненадили сватове необичном жељом за поклон и одушевили регију” напиша Индекс ХР.
“Српскиот Ттелеграф напиша: Ана и Игор тражили још један свадбени поклон, сада о њима причају сви Балканци”
Во својата богата историја, Битолски весник не памети толку многу отворања и читања на еден текст, објавен во Битолски весник.
Тоа е апсолутен рекорд, кој тешко може да се верува дека некогаш во блиска иднина од некој медиум ќе биде срушен.
Поопширно во новиот број на Битолски весник