Home / Uncategorized / Украдена касата на ЈП „Нискоградба“

Украдена касата на ЈП „Нискоградба“

Доцна синоќа, во периодот меѓу 23и 2 часот по полноќ, засега непознати провалници извршија грабеж во наплатниот центар на јавното претпријатие „Нискоградба“- Битола, кој се наоѓа во центарот на градот.

Според сознанијата на „Битолски весник “ провалниците грабежот го извршиле на тој начин што во наплатниот центар, на булеварот „1 мај“ влегле од задната страна откако го скршиле стаклото на прозорецот, влегле во наплатниот центар и со алат ја отвориле касата на претпријатието.

Кражбата во „Нискоградба„ е пријавена денеска рано изутрината, кога грабежот го забележал вработен во претпријатието. Според првичните информации крадците со себе однеле над 55.000 денари.

Во СВР Битола го потврдија случајот и информираат дека се во потрага по крадците на благајната на „Нискоградба“.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*