На акумулацијата „Стрежево“, меѓу селата Лера и Свињиште од страна на рибочуварската служба на ЈП „Стрежево“ – Битола се пронајдени и запленети рибарски мрежи, со големи окца, наменети за крупна риба со вкупна должина над 500 метри.
Притоа, констатирано е кривично дело согласно Кривичниот законик, а мрежите се подигнати за понатамошна постапка и кривично гонење на сторителите.
Мрежите, во координација со Државниот инспекторат за земјоделство, како строго забранети за риболов се подигнати заедно со уловот на риба.
-Јавното претпријатие „Стрежево“ – Битола ги известува граѓаните дека во следниот период, особено пред и за време на претстојните празници, ќе продолжи да врши засилени контроли на акумулацијата Стрежево, во соработка со рекреативните риболовци, надлежните инспекциски служби и полицијата. Борбата со рибокрадството продолжува-информираат од јавното претпријатие „Стрежево“ Битола.