По петчасовниот претрес во кабинетот на судијата Владимир Панчевски, специјалната обвинителка и нејзиниот тим го напуштија Кривичниот суд со запленети податоци од компјутерскиот систем и персоналниот компјутери.
Катица Јанева се сомнева дека Панчевски како претседател на Кривичен суд местел предмети на СЈО кај одредени судии и го злоупотребил АКМИС системот кој електронски требало да дели предмети. Јанева го сомничи судијата за оддавање на службена тајна. Осомничени се и двајца информатичари кои биле поврзани со АКМИС системот.
„СЈО изврши претстрес кај лицето Владимир Панчевски и со друга наредба на судот ги одзеде сите податоци од компјутерскиот систем на споредување на предмети во Основниот суд. Се местеле предмети на СЈО преку акмис системот и се издавале податоци за др лица во јавноста и др заинтересирани странки, службени податоци.“ – вели Јанева.
Освен во канцеларијата на Панчевски, СЈО ги претресувала и семејните куќи на осомничените. Предистрагата на Јанева, произлегла од бомбите, но не за овој случај против Панчевски, туку од друг предмет
„Ова е поврзано со друг предмет што произлегува од телефонските разговори и лицата беа на оперативно следење и се поврзани со друг предмет воден од СЈО“ – вели Јанева.
Додека специјалните обвинители вршеа претрес кај Панчевски, експерти предложени од министерството за правда правеа ревизија на истиот електронски систем. Увидите на СЈО и работната група од правда случајно се погодиле во исто време, вели претседатело, Лазар Ненов. Дали имало злоупотреби на АКМИС, засега не откриваат.
„ќе продолжиме со работа и што че констатираме од Министерството за правда, ќе биде навремено известена јавноста. Станува збор за постапување согласно судскиот деловник.“ – вели Лазар Ненов.
Ревизијата на АКМИС системот која ја спроведдуваат експертите доаѓа по препораките од Прибе кој посочува дека имало злоупотреби и местење на политички подобни судии во одредени предмети. Предистрагата на Јанева пак произлегла од бомбите но, не за овој случај против Панчевски, туку за друг предмет. Постапката според специјалната обвинителка е на самиот почеток и затоа не е побаран притвор за поранешниот претседател на Кривичен суд.
Панчевски беше четири години на чело на скопска единица, се до декември минатата година. Тој е и еден од кандидатите за нов претседател на Кривичниот суд. Во време на неговото шефување со основен еден Јанева преку соопштение се пожали дека Кривичен ја опструира работата на СЈО.