Don't Miss
Home / Градска хроника / Усвоени развојни планови во Општината за период 2015-2017 година

Усвоени развојни планови во Општината за период 2015-2017 година

На седницата на Советот на Општина Битола беше усвоена и програма за развојни планови во Општина Битола за периодот од 2015 до 2017 година.

-И оваа година продолжуваат инфраструктурните и капитални објекти во Битола како киното Манаки, АРМ еден и АРМ два, целокупната комунална инфраструктура во просторот на поранешната Касарна, изработка на проектот за изградбата на стадионот во Битола и многу други објекти во руралните средини. Во однос на изградбата на стадионот “Под Тумбе кафе” во 2015 година планирано е да се вложат 10 милиони денари од општинскиот буџет, следната година во 2016 година околу 85 милиони денари,  и во 2017 година уште 85 милиони денари средства што ќе бидат наменети за изградба на стадионот Под “Тумбе Кафе”- изјави Игор Хаџиевски, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Битола.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*