Don't Miss
Home / Uncategorized / Валентин Груевски нов претседател на Советот на Битола

Валентин Груевски нов претседател на Советот на Битола

Валентин Груевски,  од ЛДП, носителот на листата на Коалицијата на СДСМ “ Живот за сите “  е избран за претседател на Советот на Општината Битола.

На предлог на мандатно имунитетската комисија Валентин Груев ски беше избран со 20 гласови за од вкупно 31 советник.

За изборот на Валентн Груевски гласаа сите советници на листата на СДСМ и Коалицијата “ Живот за сите “, двајцата  советници на независната листа “Поинаку” како и советникот од ДУИ, Беса и Алијансата на Албанците.

Протв неговиот избор беа советниците  на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата “ За подобра Македонија”

Валентин Груевски е еден од поискусните советници кој во неколку мандати беше советник во Советот на општината  Битола.

Тој во своето обраќање до советниците и јавноста истакна дека Советот ќе биде транспарентен и  секогаш конструктивно насочен за решавање на проблемите на граѓаните.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*