.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Политика / ВМРО-ДПМНЕ: Силјановска призна дека СДСМ стои зад подбуцнувањето на средношколците да бегаат од часови за да протестираат

ВМРО-ДПМНЕ: Силјановска призна дека СДСМ стои зад подбуцнувањето на средношколците да бегаат од часови за да протестираат

-СДСМ уште еднаш ја призна неспособноста да го мобилизира своето членство, а камоли други граѓани.  Откако се залепија , го исполитизираа, го злоупотребија и го жигосаа секое оправдано или неоправдано граѓанско движење и го обезвреднија зборот „пленум” на сите можни начини, сега го достигнаа својот врв со обидот за дрска, неетичка и дури и незаконска злоупотреба на малолетните средношколци, за дневно-политички цели- реагираше на прес-конференција Игор Хаџиевски, секретар на ОК на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, пишман пратеничката Јулијана Силјановска, денес јавно призна дека СДСМ стои зад подбуцнувањето на средношколците да бегаат од часови и непотребно да протестираат.

-Кога веќе се кандидирала за пратеник, Силјановска треба барем да ги знае Уставот и законите во Република Македонија кои гарантираат задолжително средно образование и непречено обезбедување на образовниот процес во училиштата. Несудената пратеничка денес се дрзна јавно да ги повика директорите и професорите да не ги исполнуваат своите законски пропишани обврски и да се однесуваат неодговорно и кон своите ученици и кон нивните родители, кои децата секој ден ги испраќаат да следат настава, во училишните клупи, каде што директорите се должни да ја гарантираат нивната безбедност- рече Хаџиевски притоа додавајќи:

-Пратеничката од СДСМ изгледа не разбрала дека демократското право на организирано јавно искажување незадоволство, не значи и охрабрување на малолетните ученици за непочитување на редовната настава, негирање на професорите, на училиштата, на институциите па дури и на родителите, како што таа не го почитува Парламентот во кој се кандидирала и е избрана.

ВМРО-ДПМНЕ цврсто стои зад своите определби за вистинско вреднување на младите кои се нашата иднина , зав подобрување на квалитетот на нивното образование преку стручни анализи, сеопфатни дискусии и решенија донесени транпарентно со почитување на волјата на мнозинството.

Во таа смисла остро го осудуваме секој обид за политичка манипулација со малолетните средношколци- рече на денешниот прес во општинскиот штаб Игор Хаџиевски, секретар на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*