Home / Uncategorized / Заев попопуларен од Груевски

Заев попопуларен од Груевски

Лидерот на СДСМ и актуелен премиер Зоран Заев во моментот има повисок рејтинг од Никола Груевски. Според анкетата на Брима, по изборот на новата влада, СДСМ по низа години за првпат има повисок рејтинг од ВМРО-ДПМНЕ, а Зоран Заев е попопуларен политичар од Никола Груевски.

СДСМ има поддршка од 22,4, а ВМРО-ДПМНЕ од 19,8 проценти од анкетираните граѓани. Кај македонските гласачи, ВМРО-ДПМНЕ има за 0,9 проценти поголема поддршка од СДСМ, но кај вкупниот електорат, Социјал-демократите имаат предност од 2,6 насто, бидејќи ја имаат поддршката од 6,3 проценти од етничките Албанци и 15,1 насто од другите етнички заедници, покажува анкетата.

Во албанскиот политички кампус ДУИ и натаму ја задржува предноста пред БЕСА и Движењето за реформи во ДПА.

На позитивната листа, лидерот на СДСМ, Зоран Заев има 17,7 проценти поддршка, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски 13 насто. На негативната листа, пак, 27,6 насто од анкетираните одговориле дека најмалку му веруваат на Никола Груевски, а на Зоран Заев 18,7 насто.

Кај гласачите Македонци, Заев и Груевски на негативната листа се изедначени со по 26,1 насто.

Истражувањето на Брима е спроведено во периодот од 2-ри до 12-ти јуни, лице в лице во домовите на анкетираните, а биле опфатени 1.193 граѓани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*